Аргентинскиот тенисер Диего Шварцман стави крај на својата играчка кариера. Тој има само 32 години, но одлучи дека е доста со активното играње.
Големите Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал преку социјалните мрежи му испратија пораки и честитки за направеното во кариерата на популарниот Пеке. Инаку Шварцман никогаш не го победи Србинот со кој беше добар пријател, а против Надал имаше еден триумф и тоа на меч игран на земјена подлога.
Најдобар пласман на АТП листата му беше осмо место, освои четири турнири во кариерата, а на гренслемите најдалеку стигна до полуфинале. Повредите го мачеа во последните години, а тоа е главната причина поради која секогаш насмеаниот Аргентинец не можеше повеќе. Неговиот моментен пласман е на 386-мо место, далеку од светскиот врв.
Вели дека направил повеќе отколку што очекувал и задоволен заминува во спортска пензија.