18.8 C
Skopje
петок, 29 август 2025

Пет години од магичната ноќ на „Камп ноу“, кога се случи најголемиот пресврт во историјата на ЛШ (Видео)

Барселона за првпат по многу години ја нема во нокаут-фазата од Лигата на шампионите откако каталонскиот гигант сега заврши како третопласиран во својата група. Иако Барселона ја нема во елитната лига на УЕФА, осми март е датум кој се памти токму по Барселона.

На овој ден точно пред пет години, на „Камп ноу“ играа Барселона и Пари Сен Жермен во реваншот од осминафиналето. Францускиот тим имаше предност од 4:0 по првиот меч, но Барселона предводена од Лионел Меси, Луис Суарес и Нејмар веруваше во чудо.

Домаќините одлично започнаа и поведоа со голот на Суарес, додека Курзава си даде автогол. На почетокот на вториот дел, Меси од пенал зголеми на 3:0, но потоа ПСЖ даде гол преку Единсон Кавани и намали на 3:1. Тоа значеше дека Барселона мора да даде уште три гола ако сака да направи чудо.

До 88-мата минута беше 3:1, а потоа Нејмар со фантастичен гол од слободен удар зголеми на 4:1. Во 90-тата минута повторно Нејмар од пенал зголеми на 5:1. Се играа последните секунди од мечот кога Серџи Роберто даде гол во 90+5 минута за неверојатни 6:1 и пласман на Барселона во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести