30.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Пет голови негатива за ракометарите на полувреме против Романија

Романија води против Македонија со 15-10 по првото полувреме на вториот контролен меч помеѓу машките ракометни селекции на овие две земји.

Денешниот меч е отворен за јавноста, навивачите ТУКА може да гледаат и пренос, но не може да бидат воодушевени од тоа што го прикажаа нашите репрезентативци во првите 30 минути.

Беа потребни повеќе од шест минути за Македонија да го постигне првиот гол на мечот, па Романците имаа контрола врз резултатот во целото полувреме, а во нивните редови најрасположен е голманот Василе кој блеска меѓу стативите.

- Оглас -

Најнови вести