Пет градови во трка за домаќинство на АТП завршниот турнир

Актуелниот организатор на завршниот АТП турнир, Лондон, како и Манчестер, Токио, Сингапур и Торино се градовите кои конкурираат за домаќинство на овој турнир од 2021 година. Овие пет метрополи се најдоа во потесниот избор од вкупно 40 градови кои покажаа интерес за организација на АТП финалињата, а конечната одлука ќе се донесе во март, 2019 година.

Завршниот турнир од 2009 година се игра „О2 арената“ во Лондон, a главниот град на Англија ќе биде домаќин до 2020 година, откако ќе истече договорот кој беше обновен пред две години.

Токио беше градот каде за првпат се одржа овој турнир во 1970 година, а се шпекулира дека токму оваа метропола има најголема предност да биде нов домаќин, поради што главниот спонзор на турнирот е jaпонската компанија „Нито“.

- Оглас -

Најнови вести