Откако Милитао попладнево се огласи преку социјалните мрежи објавувајќи порака на простување со разрешениот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, останаа само уште петмина кои уште молчат.
Килијан Мбапе беше еден од првите кои се прости со Алонсо, потоа еден по еден речиси сите му се заблагодарија за соработката, но има цела петорка која уште не го направила тоа и станаа „сомнителни“ дека тие се играчите кои сакаа Алонсо да биде сменет.
Станува збор за Трент Александар-Арнолд, Ферлан Менди, Џуд Белингам, Винисиус и Франко Мастантуоно, кои уште не реагирале.

