1655 Стандард Лиеж – Мехелен (20:45 ч.)
Во последните 11 меѓусебни дуели, Мехелен е многу поуспешен дури со седум победи и три нерешени, додека Стандард Лиеж се има радувано само на еден триумф. Сепак, сега ситуацијата е поинаква и Стандард е во улога на фаворит за освојување на трите бода.
Стандард е единствениот тим кој по првите две кола нема примено ниту еден гол во првенството на Белгија, додека Мехелен игра сосема поинаку и најчесто тоа се мечеви со погодоци.
Предлог тип: 1Х&2-4 (2.01)
2803 Митјиланд – Вејле (19 ч.)
Во последните 20 дена Митјиланд одигра дури шест меча (три во првенството и три во квалификациите за ЛШ), па екипата е малку уморна. Сепак, кога се работи за меч против Вејле, тим кој ги загуби сите три средби во првенството, не треба да има многу дилеми.
И традицијата целосно е на страната на Митјиланд, кој има 11 победи и само едно реми во последните 12 средби против Вејле.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.95)
1011 Блекбурн – Дерби каунти (21 ч.)
Дерби каунти е повратник во Чемпионшип откако минатата сезона беше дел од Лига еден. За разлика од нив, Блекбурн со победа во последното коло се спаси да не испадне, што значи квалитетот на двата тима треба да е израмнет.
Чемпионшип е познато како атрактивно првенство со многу возбудувања и голови, па може да се очекува да има погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.01)
2701 Лахти – Екенас (17 ч.)
Дуел на двете најслаби екипи во првенството на Финска по 18 одиграни кола. Тоа се и двата тима кои ги имаат убедливо најслабите одбрани. Затоа и не е чудно што минатата сезона кога играле, во двата меча имало погодоци на двете страни.
Лахти славеше над Хелсинки, што секако дава дополнителен мотив за домашниот тим да ги освои трите бода и на оваа пресметка.
Предлог тип: 1 (2.00)
1821 Динамо Дрезден – Енерџи Котбус (19 ч.)
Екипата на Динамо Дрезден треба да биде една од оние кои ќе водат главна улога во третата лига во Германија. Енерџи Котбус долго време играше во регионалните лиги, а сега е дел од третата лига и сигурно ќе сака да оди чекор напред.
Може да се очекува отворен меч со погодоци на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (2.08)