28.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Пет комбинации кои имаат квоти што се движат од 2.05 до 2.20

Атрактивни пет меча од најсилните лиги во Европа се дел од денешните Квоти на ден во Sport Life. Ако ги одиграте сите пет понуди на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 44.79.

Манчестер сити е домаќин на Ливерпул во дербито во Премиер лигата и тука се очекува домаќините да не загубат во дуел на кој двете екипи ќе постигнат барем по еден погодок. За оваа комбинација, квотата е 2.05.

Вердер во Бремен е домаќин на Баер Леверкузен, а гостите се во улога на фаворити. Во просек повеќе од три погодоци постигнуваат Фармацевтите сезонава, па и сега се очекува да бидат ефикасни и затоа понудата е да се игра дека Баер ќе постигне од 1-3 погодоци во првото и од 1-3 погодоци во второто полувреме, што носи коефициент од 2.15.

Њукасл и Челзи ќе играат во вториот меч кој може да се нарече дерби за денеска во Премиер лигата. Голови треба да има на „Сент Џејмс парк“ и тоа во двете мрежи барем по еден во двете полувремиња. Ако тоа се случи, тогаш добитна ќе биде комбинацијата која нуди квота од 2.20.

Аталанта и Наполи треба да одиграат натпревар на кој ќе има барем еден погодок во првото полувреме, а минимум три гола на крајот од средбата, за да биде добитен коефициентот од 2.10.

Во Шпанија, Атлетико Мадрид е домаќин на Мајорка и тука се очекува домаќинот да погодува и тоа барем еднаш во првиот дел и најмалку да даде два гола во мрежата на гостите во текот на целата средба. Квотата за оваа комбинација е 2.20.

- Оглас -

Најнови вести