Пет комбинации кои носат супер интересен коефициент

Петте меча во денешните Квоти на денот доколку ги одиграте заедно на еден тикет, ќе ви донесат вкупен коефициент од 46.57. Ал-Хилал игра против Ал-Итихад и тука се очекува да има голови на двете страни и во двете полувремиња, комбинација која нуди квота од точно два.

Лидс е голем фаворит на домашен терен и уште на полувреме треба да води и на крајот да победи против Стоук во натпревар на кој ќе бидат постигнати барем два погодоци. Оваа комбинација се вреднува со квота од 2.30.

Ипсвич е домаќин на Бристол и понудената опција е домаќинот да постигне најмалку еден погодок во првото полувреме, а на крајот од средбата да има барем два погодоци во мрежата на гостите. За оваа игра Т1 1+I& T1 2+ коефициентот е 2.25.

Во Лигата на шампионите, Баерн Минхен треба да брка победа над Лацио, а освен „кецот“, комбинацијата е да има и 2+ погодоци во второто полувреме за да биде добитен коефициентот од точно два.

ПСЖ не треба да загуби на гости кај Сосиедад во средба на која ќе има од два до пет гола, комбинација која е со квота од 2.25.

- Оглас -

Најнови вести