38.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Пет меча кои прават одличен вкупен коефициент

Пет меча кои ако се одиграат на еден тикет заедно прават вкупен коефициент од 84.80, е денешната понуда во Квоти на ден. Арсенал гостува на Вест хем во лондонскиот дуел и Топчиите треба да победат во дуел на кој ќе има од 2-4 погодоци, за да биде добитна комбинацијата која вреди 2.55 коефициент.

Астон вила во Бирмингем го пречекува Манчестер јунајтед, а тука предност се дава на домаќинот да не загуби во средба на која двата тима ќе постигнат барем еден погодок. Оваа комбинација е со квота од 2.15.

Севилја и Атлетико Мадрид треба да одиграат натпревар со повеќе погодоци и да се тресат мрежите на двата тима. За ГГ3+ понудата е 2.25.

Милан е домаќин на Наполи, а домашните навивачи на „Сан Сиро“ треба да се израдуваат на гол барем еднаш во првото полувреме и најмалку два пати во текот на целиот меч. Оваа комбинација вреди 2.75.

Нема дилеми дека Барселона треба да победи против Гранада, но интересно е дека се очекува и гостите да дадат гол на овој меч, па затоа играта 1&ГГ е со одлична квота од 2.50.

- Оглас -

Најнови вести