26.8 C
Skopje
петок, 18 јули 2025

Пет меча кои заедно носат квота речиси 50

Пет интересни меча со комбинации кои ако се одиграат заедно на еден тикет, прават вкупен коефициент од 48,96 се дел од денешната понуда на Квотите на денот. Сарпсборг е домаќин на Розенборг и на овој натпревар потребно е да има од еден до два гола во првото полувреме, а на крајот да биде 3+ со погодоци. Оваа комбинација е со квота од 2.35.

П’лзењ треба да слави на гостувањето кај Пардубице во меч на којшто ќе бидат постигнати од два до четири погодоци, комбинација која се вреднува со 2.20.

Копенхаген ја има фаворитската улога на гостувањето кај Виборг. Потребно е Копенхаген да даде барем еден гол во првото полувреме и на крајот да има минимум два погодоци во мрежата на домаќините за да биде добитна квотата од 2.10.

Лех и Краковија треба да одиграат меч со погодоци на двете страни, а потребно е да има барем и по еден погодок во двете полувремиња. Оваа комбинација се вреднува со 2.20.

Дандалк и Слајго роверс треба да одиграат меч на којшто ќе има погодоци во двете полувремиња, но не повеќе од три. Ако тоа се исполни, добитна ќе биде комбинацијата која е со квота од 2.05.

- Оглас -

Најнови вести