Пет интересни комбинации кои ако ги одиграте заедно на еден тикет ќе ви донесат вкупен коефициент од 44.60, се нудат во денешните Квоти на ден во Sport Life.
Истанбулспор е домаќин на Фенербахче, а се знае кој тим треба да е главен во ова градско дерби. Комбинацијата за Галатасарај да постигнува од 1-3 погодоци во двете полувремиња носи коефициент од точно два.
Популарната игра од 1-3 голови во двете полувремиња треба да е добитна комбинација за дуелот Торино – Наполи. Актуелниот италијански првак е далеку од ланската форма, па да не се ризикува на играње на фикс, подобро е да се искористат комбинациите со голови, а во овој случај тоа носи коефициент од 2.30.
Арсенал и Ливерпул ќе играат во дербито на ФА Купот на Англија и секако кога играат овие екипи треба да се очекуваат погодоци во двете мрежи, а и во двете полувремиња. Оваа понуда од ГГ& 1+I&1+II е со квота од 2.15.
Јувентус гостува кај Салернитана и Старата дама треба да брка три бода за да остане во чекор со водечкиот Интер во Серија А. За играта Јувентус да постигне барем еден гол во првиот дел и да има најмалку два погодоци до крајот на средбата, коефициентот е 2.20.
За крај на оваа понуда е дуелот меѓу Рома и Аталанта. Римската волчица да не загуби на свој терен во средба на која ќе има од 2-5 погодоци се вреднува со коефициент од 2.05.