Девет победи по ред има Бостон во пресметките со Торонто репторс и не е случајно тоа дека актуелниот НБА првак и ноќеска е апсолутен фаворит за нов триумф. Домашниот терен без многу проблеми треба да го искористат и Далас во дуелот против Сан Антонио, односно Сакраменто против Јута.
Далас има четири порази по ред, па ова е вистинска шанса да се прекине оваа лоша низа и тоа против ривал кој го победија на последните пет меѓусебни пресметки.
Јута е најслабиот тим на Западот со само три победи во 11 меча, па тешко е да се очекува да направи изненадување на теренот кај Сакраменто. Дури и традицијата во меѓусебните средби вели дека Кингс има осум победи и само два порази во последните 10 натпревари против Јута.
На гостински терен со фаворитска улога се Милвоки на теренот кај Шарлот, односно Лос Анџелес лејкерс против Њу Орлеанс.
Во денешната понуда има и одлична игра на „плус-минус“ поени на голем број играчи.