20.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Пет меча на коишто треба да има голови за да се бара добитната квота од 40

По еден меч од пет различни првенства во Европа се дел од денешната понуда во Квотите на денот. Ако ги одиграте сите пет понудени комбинации на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 39.58. Минатата недела Квотите на денот двапати беа целосно добитни.

Во Данска, Рандерс е домаќин на Нордсјиланд и тука потребно е да има погодоци, и тоа од 1-3 во првото полувреме и 3+ на крајот. Оваа комбинација се вреднува со 2.05 коефициент.

Галатасарај е голем фаворит за победа на свој терен против Коњаспор. Гигантот од Истанбул да води на полувреме и на крајот да победи во натпревар на којшто ќе има меѓу два и шест погодоци е со квота од 2.05.

Норкопинг и АИК играат во шведското првенство и тука потребно е да има барем по еден гол во двете полувремиња и во мрежите на двата тима. Оваа комбинација е со квота од 2.30.

Наполи треба да биде расположен за голови против Пиза, па опцијата актуелниот италијански првак да постигне најмалку еден гол во првото полувреме, а да има 2+ погодоци во мрежата на гостите до крајот на мечот е со квота од 1.95.

Во Чемпионшип во Англија, Милвол и Ватфорд треба да одиграат дуел на којшто ќе има барем по еден гол во двете полувремиња, комбинација која носи коефициент од 2.10.

- Оглас -

Најнови вести