Пет атрактивни мечеви од квалификациите во Лигата на шампиони се дел од денешните Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 47.86.
Малме е домаќин на ПАОК и тука предлогот е да има погодоци во двете полувремиња, но не повеќе од три, за што се нуди квота од точно два.
Мидтјеланд на свој терен го пречекува Ференцварош и опцијата е домаќинот да не загуби во дуел на кој Мидтјеланд ќепостигне барем два погодоци. Ова носи коефициент од 2.30.
Динамо Киев и Глазгов ренџерс чеиграат во можеби најатркативниот меч од квалификациите, а понудата е двата тима да постигнат барем по еден погодок и во двете полувремиња да има барем по еден гол, комбинација која се вреднува со 2.15 коефициент.
Лил на свој терен ќе го пречека Фенербахче и тука треба да се бараат погодоци во мрежата на гостите. За играта Лил да даде барем еден гол во првиот дел и да има најмалку два погодоци на контото на домаќините до крајот се нуди квота од 2.20.