27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Пет меча од пет различни првенства со интересни комбинации до квота 41

Пет интересни меча од пет различни европски првенства се дел од денешната понуда во Квотите на денот. Доколку сите пет меча со понудените комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент што ќе го добиете е 41.67.

Нордсјиланд му е домаќин на Брондби и ова треба да е меч на кој ќе има победник, а и барем по еден гол во мрежите на двата тима. Оваа комбинација се вреднува со коефициент од 2.20.

Кајсериспор на свој терен го пречекува фаворитот Бешикташ и според прогнозите, гостите треба да постигнат најмалку еден погодок во првото полувреме, а на крајот да има барем два погодоци во мрежата на Кајсериспор. Во таков случај ќе биде добитна комбинацијата со квота 2.10.

Парма игра против Калјари, тим кој е последнопласиран во Серија А. Домаќините да не загубат во дуел на кој ќе има постигнато од два до четири гола е со коефициент од 2.05.

Борнмут треба да го искористи домашниот терен и да победи против Саутхемптон, но треба да има и најмалку еден погодок во првото полувреме. Оваа комбинација е со квота точно два.

Вилјареал е голем фаворит против Лас Палмас и Жолтата подморница треба да постигнува голови во двете полувремиња, но таа бројка на погодоци да не биде повеќе од три во полувреме. Оваа комбинација е со квота од 2.20.

- Оглас -

Најнови вести