Денешните натпревари од Квоти на ден, ако ги одиграте сите пет заедно на тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 46.98.
Првиот натпревар е од Премиер лигата во кој Ливерпул е апсолутен фаворит за победа против Нотингам Форест и тука предлогот е да се одигра на голови на Црвените. За играта Ливерпул да постигне барем еден гол во првото полувреме и најмалку три на целиот меч, квотата изнесува 2.20.
Во Серија А, Лацио се наоѓа во серија од четири победи по ред и е фаворит во дуелот со Торино. Последните четири меѓусебни натпревари завршија без победник и поради тоа предлогот е да одигра повнимателно, но со одлична квота. Коефициент од 2.15 се добива ако одиграте дека Лацио нема да загуби и ќе биде постигнат барем еден гол во првото полувреме.
Во Бундеслигата, дербито се игра во Дортмунд каде Борусија ја има фаворитската улога против Ајнтрахт Франкфурт. За играта Борусија да слави и да има помеѓу два и пет гола, квотатае 2.20.
головите се најдобра опција и за натпреварот од Лига 1 помеѓу Ленс и Монако. За играта да има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата е 2.15.
Најмал коефициент има за последниот предлог и тој изнесува 2.10. Реал Мадрид пред своите гледачи ја пречекува Селта и тука предлогот е да се одигра дека Кралевите ќе постигнат барем еден гол во првиот дел, а во второто полувреме, исто така се очекува да се затресе барем еднаш мрежата на еден од двајцата голмани.