-1.2 C
Skopje
четврток, 18 декември 2025

Пет меча со коефициенти над два во Квотите на денот (Фото)

Нови пет интересни натпревари се дел од понудата во Квотите на денот во Sport Life. Вкупната квота на петте предлози изнесува 40.7, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.20.

Понудената квота од 2.05 за мечот на Галатасарај и Истанбул Башакшехир ќе биде добитна само ако домашните постигнат најмалку два гола, но барем и еден гол да примат.

Од фудбалерите на Спортинг Лисабон се очекува да слават на гостувањетои кај Санта Клара, па квотата од 2.10 ќе биде добитна доколку гостите ја оправдаат фаворитската улога во меч на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола.

Наполи и Милан играат во полуфиналето од италијанскиот Супер куп, во Ријад, а квотата од 2.00 ќе биде добитна само ако „црвено-црните“ не загубат, но и ако нема повеќе од еден гол во првото полувреме.

Кристал палас е голем фаворит против финскиот КуПС во Конференциската лига, па квотата од 2.15 ќе биде добитна ако тоа го покажат и на теренот, но и ако има повеќе голови во второто полувреме во споредба со првото.

Квотата од 2.20 за дуелот на Порто и Фамаликао ќе биде добитна само ако во првото полувреме бидат постигнати еден или два гола, а во второто помеѓу еден и три.

- Оглас -

Најнови вести