До 16 часот имате можност да ги дадете вашите прогнози во 21. коло од Спортска прогноза. Во стандарниот саботен термин за англиски фудбал се играат два меча од Чемпионшип, а во исто време е и еден дуел во Шкотска.
Тоа што е интересно е дека на сите три меча од 16 часот големи фаворити се домаќините. Победа на Хал против Свонси очекуваат 71 отсто од играчите на Спортска прогноза. Престон треба да го победи Бристол, барем според очекувањата на 74 отсто од прогнозерите, додека уште поголема сигурица за „кец“ е Данди – Сент Мирен (82 отсто чекаат победа на домаќините).
Во денешната понуда се и двата дуел од Африканскиот куп на нации, а и тука има изразити фаворити, а се очекуваат две „двојки“. Дури 85 отсто од прогнозерите очекуваат победа на Камерун против Гамбија во регуларните 90 минути, а дека Тунис ќе слави против Буркина Фасо во 90 минути игра чекаат 76 отсто од прогнозерите.
Ако ги одиграте овие пет меча на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 57.37 што значи дека за само 20 вложени денари, можната добивка е преку 1.000 денари.
1014 Хал – Свонси 1 2.75
1018 Престон – Бристол 1 1.93
1244 Данди – Сент Мирен 1 2.70
5727 Гамбија – Камерун 2 1.57
5151 Буркина Фасо – Тунис 2 2.55
————————————————-
Вкупен коефициент 56.27