Пет микс дуели од фудбал, тенис и кошарка прават одлична вкупна квота

Пет интересни мечеви од три различни спорта се дел од денешната понуда во Квотите на денот. Ако се одиграат сите пет средби на еден тикет со понудените комбинации, вкупниот коефициент е одличен и изнесува 67.58.

На тенискиот АТП-турнир во Барселона, Качанов е голем фаворит за победа против Нори, па опцијата е да се одигра на точен резултат од 2:0 во сетови, кој се вреднува со квота од 2.45.

Баерн Минхен е фаворит за победа против Црвена ѕвезда во дуел од Евролигата. Германскиот тим да води на полувреме и да победи на крајот е со квота од 2.35.

Борусија Дортмунд и Барселона треба да одиграат меч со погодоци, а понудата е гостите да постигнат барем два гола, но на погодок да се израдуваат и домашните фудбалери за да биде добитна комбинацијата со квота од 2.10.

Астон вила е домаќин на ПСЖ, а фаворитската улога е за гостите. Опцијата Светците да не загубат во дуел на којшто ќе има од два до четири погодоци е со квота од 2.15.

На кошаркарскиот терен Реал Мадрид е фаворит за победа над ПСЖ и тука понудата е победа на домаќините во меч на којшто ќе има повеќе од 175,5 поени, која е со квота од 2.60.

- Оглас -

Најнови вести