Пет натпревари од Квотите на денот на Sport Life прават неверојатен коефициент од 115 (Фото)

Пет натпревари од Лигата на Европа и Конференциската лига се дел од понудата vо Квотите на денот на Sport Life. Сите пет натпревари искомбинирани на еден тикет прават неверојатна квота од 115.

Екипата на Ајакс и покрај лошата форма во којашто се наоѓа во домашното првенство, како благ фаворит оди на гостувањето во Атина, против АЕК. Очекувањата се дека претставникот на Холандија во Лигата на Европа нема да загуби на овој меч, на кој ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола. Квотата за оваа игра во Sport Life е одлична, дури 2.60.

Голови се очекуваат на натпреварот помеѓу Спортинг Лисабон и Аталанта. Очекувањата се дека во двете полувремиња ќе бидат постигнати помеѓу еден и два гола со неверојатна квота од 2.85.

Екипата на Баер Леверкузен како голем фаворит патува на гостувањето на северот од Европа против норвешкиот Молде. Очекувањата се дека бундеслигашот ќе победи во ефикасен меч на којшто ќе бидат постигнати помеѓу два и пет гола. Квотата за оваа игра е 2.05.

Ливерпул е фаворит против белгискиот Унион и се очекува избраниците на Јирген Клоп да бидат ефикасни на овој натпревар. Очекувањата се дека Црвените ќе постигнат помеѓу еден и два гола во двете полувремиња, а квотата за оваа игра во Sport Life е 2.85.

Екипата на Рома е голем фаворит против Сервет на домашен терен и се очекува момците на Жозе Мурињо да имаат водство на полувремето, но и да победат на крајот. Очекувањата се дека освен победата на Рома, на натпреварот дека ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола. Квотата за овој натпревар е 2.65.

- Оглас -

Најнови вести