Пет натпревари, по еден од најквалитетните пет европски лиги, се дел од понудата со Квоти на денот на Sport Life. Натпреварите искомбинирани на еден тикет прават вкупна квота од 45.
Борусија Дортмунд ја има фаворитската улога на гостувањето кај Бохум и очекувањата се дека денес нема да загуби. Сепак, предлогот од Квотите на денот вклучува и голови во двете мрежи, а тоа значи дека мечот ќе заврши “гол-гол“. Квотата за овој натпревар е 1.90.
Екипата на Арсенал е голем фаворит во дуелот против Фулам и се очекува сигурна и убедлива победа. Предлогот за овој натпревар е “топчиите“ да постигнат помеѓу еден и три голови во двете полувремиња, а квотата е 2.10.
Милан ја има фаворитската улога против Торино, но предлогот за овој натпревар е многу едноставен. Потребно е екипата на Милан да постигне помеѓу два и четири голови на овој натпревар за типот да биде добитен, а квотата во Sport Life за оваа игра е одлична, 2.10.
Фудбалерите на ПСЖ после двата кикса на стартот на француското првенство, вечерва ќе атакуваат на првата победа, а за противник го имаат составот на Ленс. Очекувањата се дека “светците“ ќе победат, но ефикасен фудбал ќе има во двете полувремиња во кои ќе биде постигнат по најмалку еден погодок. Квотата за оваа игра е 2.50.
Ефикасен фудбал се очекува на дуелот од шпанската Ла Лига помеѓу Севиља и Жирона. Предлогот за овој натпревар е да се одигра една од најпопуларните игри, а тоа е во двете полувремиња да има помеѓу еден и три голови. Квотата е одлична, 2.15.