Пет интересни натпревари се од понудата со Квоти на денот на Sport Life. По два натпревар се од Премиер лигата и Серија А, додека еден меч е од шпанската Ла Лига. Вкупната квота на петте натпревари ако се искомбинираат на еден тикет е рамно 67.
Очекувањата се дека екипите на Барнли и Астон Вила денес ќе одиграат ефикасен меч. Предлогот за овој натпревар е да се одигра дека ќе се тресат двете мрежи во првото или второто полувреме, а квотата за оваа игра во Sport Life е 2.25.
Голови се очекуваат и на мечот помеѓу Виљареал и Барселона и тоа во двете мрежи, но распоредени во двете полувремиња. И за овој натпревар, како и за претходниот, квотата е 2.25.
Во Премиер лигата денес на програмата е дерби дуелот помеѓу Њукасл и Ливерпул. “Црвените“ од Енфилд имаат блага фаворитска улога и се очекува дека нема да загубат денес, но и мечот да заврши “гол-гол“. Квотата за овој натпревар е одлична, дури 2.45.
Јувентус е голем фаворит во дуелот против Болоња и очекувањата се дека “старата дама“ вечерва ќе биде ефикасна. Според предлогот, Јувентус треба да постигне најмалку еден погодок во првото полувреме и најмалку два на целиот меч. Квотата за оваа игра е 2.40.
На вториот меч од Серија А во Квотите на денот, екипата на Лацио е фаворит против Џенова и се очекува да победи, но и во првото полувреме да има барем еден погодок. Квотата во Sport Life за овој меч е 2.25.