Пет од последните шест меча завршиле 1:1, храбрите би бркале квота од 6.25

1002 Њукасл – Вулверхемптон (21 ч.)

Двете екипи имаат неколку повредени играчи кои вечерва нема да играат, а Њукасл се надева дека конечно ќе ја прекина лошата серија од три порази по ред. Кога играле овие два тима, едноставно доминира еден резултат.

На пет од последните шест меѓусебни дуели во Премиер лигата, резултатот бил 1:1, а еднаш било 2:1 за Вулверхемптон. Игрите како гол-гол и 2+ цел меч се загарантирани, а храбрите и овојпат би играле на точен резултат 1:1.

Предлог тип: 1:1 точен резултат (6.25)

 

1802 Штутгарт – Борусија Д. (20:30 ч.)

Штутгарт, кој се бори за опстанок, влезе во добра форма, па четири меча нема пораз (две победи и две нерешени). Со две нерешени и еден пораз во последните пет кола, Борусија веќе се откажа од трката за титулата.

Традицијата вели дека кога играат овие два тима, головите се загарантирани. На последните 15 меча, секогаш имало барем три гола, а дури 12 пати било ГГ3+.

Предлог тип: ГГ3+ (1.81)

 

1701 Лориен – Сент Етјен (21 ч.)

Речиси еден цел тим повредени играчи има Сент Етјен, па не случајно домаќинот е фаворит за бодови на овој дуел. Ова е борба на два тима кои се борат да не испаднат од Лигата. Сент Етјен со 27 бодови е во зоната за испаѓање, а Лориен има еден бод повеќе.

На пет од последните шест меѓусебни меча имало меѓу два и три гола, а домаќинот често ја користи предноста.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.21)

 

1301 Севилја – Гранада (21 ч.)

Севилја е тимот со најмалку порази во Шпанија, но затоа има најмногу нерешени дуели. Пласман на место кое води во Лигата на шампиони е главен приоритет на Севилја, додека Гранада е со цел да не испадне.

Севилја сезонава дома има 10 победи и четири нерешени без ниту еден пораз, па трите бода треба да бидат сигурни вечерва.

Предлог тип: 1-1 (2.24)

 

1276 Шелбурн – Шемрок роверс (20:45 ч.)

Шемрок роверс добро го почна првенствто и по осум кола е на второто место на табелата, додека Шелбурн во осум меча даде само пет гола и реално е послаб тим.

Традицијата вели дека Шемрок има седум победи и три нерешени во последните 10 средби со овој ривал, па и сега гостите се големи фаворити за триумф.

Предлог тип: 2 (1.61)

- Оглас -

Најнови вести