5607 Австралија – Јужна Кореја (16.30 часот)
Ова е најинтересниот четвртфинален дуел на Азиското првенство, а победникот ќе има голема шанса и за финале бидејќи во полуфинале би играле со Таџикистан или Јордан. Австралија има три победи и едно реми, на сите мечеви досега даде гол, а најрасположени беа во осминафиналето, кога ја победија Индонезија со 4-0. Корејците беа на прагот на пораз во осминафиналето против Саудиска Арабија, но се провлекоа и победија на пенали. Кореја на сите четири меча на првенството и даде и прими гол.
Предлог тип: ГГ (2.11)
1801 Хајденхајм – Б. Дортмунд (20.30 часот)
Борусија е во налет, има три победи по ред, даде 10 гола на последните три меча во Бундеслигата. Од друга страна, Хајденхајм се специјализира за ремија, има три нерешени игри по ред, сите со истиот резултат 1-1. Борусија не е комплетна, имаат повредени и играчи на Африканското првенство, но е фаворит за победа против тим кој точно два месеца нема претрпено пораз. На 1 септември во Дортмунд, дуелот на овие екипи заврши 2-2, и тоа Борусија водеше 2-0.
Предлог тип: 2 & 2-5 (2.30)
3002 Лече – Фиорентина (20.45 часот)
Морнарите и Виолетовите се во криза, Лече има три порази по ред и само еден освоен бод во последните шест кола, додека Фиорентина во последните три кола освои еден бод. Белоти го засили нападот на Фиорентина и ќе биде адут плус во обидот да победат. Летоска во второто коло од сезонава, Лече во Фиренца даде два гола и остана непоразен. Лече уште од 2010 не знае за победа на свој терен против Фиорентина.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.99)
1701 Стразбур – ПСЖ (21.00 часот)
Стразбур е тим кој има серија од пет меча по ред без пораз, а на осум лигашки мечеви по ред и дава и прима гол. ПСЖ е лидер на табелата, оди кон нова титула и веруваме дека нема да загуби вечерва, но на претходните две гостувања во Стразбур играше нерешено 1-1 и 3-3, па нема да биде чудо ако средбата заврши нерешено. Есеноска во Париз, Светците без проблем го победија Стразбур со 3-0.
Предлог тип: 1+I & 3+ (1.78)
1014 Бристол сити – Лидс (21.00 часот)
Бристол е тим кој во 2024 година нема победа во англискиот Чемпионшип, а засега по 29 кола има еднаков број постигнати и примени голови. Лидс, кој има амбиција за враќање во Премиер лигата, е во низа од четири победи едноподруго. Традицијата на меѓусебните дуели го фаворизира Лидс, кој ги доби последните пет пресметки против Бристол сити и нема пораз од овој ривал уште од 2016 година. Есеноска беше 2-1 за Лидс.
Предлог тип: 2 & 0-3 (2.50)