Пет предлози од Лигата на Европа

Можеби не е атрактивна како Лигата на шампионите, но поголемиот број натпревари и неизвесноста ја прават Лигата на Европа многу привлечна за обложување. Според квотите на денот на SPORT LIFE, Челзи не би требало да има проблем на гостувањето кај Малме, додека при гостувањата на Севилја на „Олимпико“ и на Арсенал во Белорусија се предлага да играте на голови.

 

БАТЕ Борисов – Арсенал (18.55 часот)

За БАТЕ ова е прв официјален натпревар по пауза од два месеца. Белорусите не се во потребниот натпреварувачки ритам, а и на пријателските мечеви имаа прилично лоши резултати. Овие два тима меѓусебе играле двапати, во 2017 година, и на двата паднаа по шест гола (победи на Арсенал од 4-2 и 6-0).

Предлог тип: Т2 1+I& 1+II (2.20)

 

Лацио – Севилја (18.55 часот)

Ова е едно од дербијата во ЛЕ. Лацио има три радости едноподруго на домашна сцена, а Севилја е разнишана и има проблем на гостувањата. Сепак, Андалузијците знаат да играат вакви мечеви и иако римјаните се благи фаворити, посигурно е да се игра на голови. Лацио и Севилја никогаш порано не играле меѓусебе, вечерва ќе им биде првпат.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.10)

 

Малме – Челзи (21.00 часот)

Англичаните се подобри од Малме и веруваме дека ќе го докажат тоа и на теренот. Хендикеп за шведскиот тим е што годинава играл само пријателски мечеви и не е во ритам. Челзи треба да се вади кај фановите по дебаклот против Манчестер сити. Малме и Челзи првпат се среќаваат еден против друг.

Предлог тип: 2-2 & 2+ (2.45)

 

Галатасарај – Бенфика (18.55 часот)

Галатасарај е во добра серија во турскиот шампионат (6 победи и едно реми на последните седиум меча), а тоа важи и за Бенфика, која во Португалија има четири победи по ред и викендов го прегази Насионал со 10-0. И Галата и Бенфика се второпласирани во домашните лиги. Нивните меѓусебни дуели секогаш биле со 2-3 гола, а последните два во ЛШ завршија со 2-1 за тимовите кои беа домаќини.

Предлог тип: 2-3 гола (1.96)

 

Селтик – Валенсија (21.00 часот)

Традицијата на Селтик во пресметките со шпанските тимови треба да ги загрижи Шкотите. Плус тоа, Валенсија никогаш не била елиминирана во 16-финале од ЛЕ. Заморот е проблем за Валенсија, ова им е 11-ти меч годинава, додека Селтик одигра седум и ги доби сите, без примен гол, но тоа беа противници послаби од Валенсија.

Предлог тип: Х (3.10)

- Оглас -

Најнови вести