Пет предлози со пет топ фаворити

1010 Фулам – Манчестер јунајтед (20 ч.)

Фулам е во одлична форма и има само еден пораз во последните 11 меча што го одигра, па не случајно овој тим е со седум бода повеќе од Манчестер јунајтед. Пред своите навивач Фулам сезонава има само два порази во 11 меча, а Манчестер е тим со само две победи во 10 гостувања, па јасно е дека предноста треба ја да има домаќинот.

Традицијата вели дека во последните 20 меѓусебни средби, Манчестер јунајтед има дури 16 победи, но сепак овојпат формата е на страната на домаќините.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)

 

1709 Ница – Марсеј (20:45 ч.)

Ница заедно со Пари Сен Жермен се единствените две екипи кои немаат пораз на домашен терен сезонава. Сепак, сега за ривал го имаат најдобриот тим што игра на гости и има осум победи и само еден пораз во девет дуели.

Во последните 10 меѓусебни средби, двата тима имаат по четири победи што само е потврда дека треба да биде неизвесно и не може да се предвиди победникот.

Предлог тип: 1+ I & 3+ (2.02)

 

3008 Лацио – Фиорентина (20:45 ч.)

Фиорентина која одлично ја почна сезоната, сега има седум средби без победа. Последен пат Виолетовите се радуваа пред еден и пол месец. Лацио на „Олимпико“ сезонава во 10 меча игра со 19 дадени и 14 примени гола, што значи дека има просек над три погодоци на меч.

И Фиорентина е екипа која игра отворено без многу калкулации, па може да се очекува дуел со многу погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (2.30)

 

1309 Барселона – Валенсија (21 ч.)

Многу променлива е играта на Барселона, која во првенството нема радост на последните четири дуели, а во последните осум кола има само една победа, што е поразителен факт за каталонскиот гигант. Валенсија е тим кој сезонава грчевито ќе се бори за опстанок, па ќе биде вистински дебакл ако Барселона не победи и тоа лесно и убедливо..

Предлог тип: 1-1&3+ (2.01)

 

1542 Порто – Санта Клара (19 ч.)

Порто полека ја губи трката за титулата откако загуби на последните два меча во првенството и сега заостанува дури седум бодови зад Спортинг. Токму затоа вечерва мора да ги освои трите бодови на свој терен, иако Санта Клара е опасен ривал и е на петото место на табелата.

Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (2.85)

 

- Оглас -

Најнови вести