6857 – Словенија – Северна Ирска (20:45)
Репрезентацијата на Словенија ја има фаворитската улога во дуелот против Северна Ирска. Домашните на овој меч со победа ќе останат во игра за пласман на една од првите две позиции на табелата, со оглед на тоа дека имаат 7 бода, два помалку од лидерите Финска и Казахстан. Северна Ирска е на петтата позиција со три бода, кои ги освои во дуелот со Сан Марино. Словенија има серија од осум натпревари на кои не биле постигнати повеќе од три погодоци, додека кај Северна Ирска тоа е случај по последните четири дуели.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.35)
6858 – Србија – Унгарија (20:45)
Селекциите на Србија и Унгарија се израмнети на врвот на табелата во групата Г со по седум бода, но фаворитската улога денес ја имаат домашните. Србија на последните пет натпревари нема пораз, а последен пат загуби од Швајцарија на Светското првенство во Катар. На последните 12 натпревари на коишто играла Србија биле постигнувани најмалку по два погодока.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.50)
6862 – Франција – Ирска (20:45)
Франција вечерва против Ирска ќе ја продолжи серијата победи во квалификациите за Европското првенство бидејќи во моментов има четири победи на исто толку натпревари. За противник ја има селекцијата на Ирска, против која по традиција играат со многу малку голови. Осум од последните 10 меѓусебни натпревари на овие две репрезентации завршиле со 0-2 погодоци.
Предлог тип: 1 & 0-2 (2.95)
6859 – Холандија – Грција (20:45)
Репрезентацијата на Холандија во последните години полека но сигурно се враќа на добро познатите победнички патеки. Денес се големи фаворити против Грција и се очекува да забележат победа кој ќе ги приближи до врвот на табелата, со оглед на тоа дека имаат одиграно само два квалификациски натпревари поради настапот на завршниот турнир од Лигата на нациите. На последните осум натпревари на коишто играла Холандија биле постигнувани погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.21)
6860 – Чешка – Албанија (20:45)
Чешка и Албанија во моментов се на првата и втората позиција на табелата во групата со 7, односно 6 бодови. Домашните вечерва се фаворити за победата и се наоѓаат во подобра форма бидејќи имаат серија од четири натпревари без пораз, додека Албанија игра променливо во последниот период. Последниот натпревар помеѓу овие две репрезентации беше од пријателски карактер и се одигра во 2021 година, а Чешка победи со 3-1 на домашен терен во Прага.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.20)