Викенд возбудувањата носат многу натпревари, а пет од нив се дел од денешните Квоти на ден. Доколку сите пет понудени комбинации ги одиграте на еден тикет, вкупниот коефициент што ќе го добиете е 49.89.
Манчестер сити гостува кај Саутхемптон и гостите се големи фаворити за победа. Се очелува Граѓаните да постигнат барем еден гол во првото полувреме, а на крајот да има 3+ погодоци во мрежата на домаќините. Квотата за оваа комбинација е точно два.
Лацио и Јувентус ќе играат во дербито на Серија А и тука понудата е двата тима да постигнат погодок, но и да има најмалку еден гол во второто полувреме. Оваа комбинација е со квота од 2.10.
Дербито кое може да ја реши титулата во Португалија се игра меѓу градските ривали Бенфика и Спортинг. Тука се очекува да биде без калкулации, да има победник на дербито во дуел на кој ќе има од два до четири погодоци. Ако се случи ваков расплет, добитна ќе биде квотата од 2.20.
Во Франција, Монако и Лион треба да одиграат средба со погодоци и тоа да има од еден до два гола во првото полувреме, а да биде 3+ на крајот, со што би била добитна квотата од 2.25.
Атлетико Мадрид да го победи Реал Сосиедад и да има барем еден гол во првото полувреме е комбинацијата која носи квота од 2.40.