Петар Јовановски реизбран за претседател на Одбојкарската федерација на Македонија

Досегашниот претседател на Одбојкарската федерација на Македонија, Петар Јовановски, е реизбран на функцијата. Попладнево во хотелот „Александар Палас“ во Скопје одржа Редовно Изборно Собрание на Петар Јовановски доби нова доверба да ја предводи македонската одбојка.

Петар Јовановски ќе го предводи Извршниот одбор составен од членовите Ивица Хаџииљоски – потпретседател, Владо Милев – потпретседател и Хабил Ајети – потпретседател, како и членовите Кирил Калеников, Зоран Карановиќ и Никола Мицевски.

Одбојкарската федерација на Македонија во иднина ќе има нов генерален секретар, поранешниот македонски репрезентативец и интернационалец Филип Деспотовски, додека функцијата комесар за натпреварување и понатаму ќе ја извршува Сања Никчевиќ.

На Собранието новиот Извршен одбор и претседателот Јовановски како главни цели во нивната работа во иднина ги издвоија пласманот на машката сениорска репрезентација на ЦЕВ Европското првенство 2026, со кое ќе се задржи континуитет во настапите на континенталните собири, а во фокусот останува и работата со женскиот сениорски национален тим.

- Оглас -

Најнови вести