Ливерпул не запира во шампионскиот поход, со убедливите 3-0 на гостувањето кај Борнмут го запишаа 15-от триумф по 16 кола. Избраниците на Јирген Клоп и во петтата последователна пресметка против Црешите се радуваа на убедлива победа, по која остварија гол-разлика од 17-0.
Гостите се мачеа до првите половина час од мечот, а потоа Окслејд-Чембрлен и Кеита ја оправдаа довербата на нивниот стратег и до паузата стрелаа за 2-0, додека Салах ги реши сите дилеми во 54-тата минута.
Ливерпул со 15-тата победа стигна до 46 бода на табелата, Борнмут го претрпе петтиот пораз во низа и остана на 16 бода.
Тотенхем немаше милост кон Барнли, екипата на Жозе Мурињо триумфираше со 5-0. На ултра-модерниот стадион на Петлите се видоа неколку одлични погодоци, но Сон постигна вистинско ремек-дело во стилот на Меси.
Ватфорд и Кристал палас ремизираа без голови.