„Петардата“ не е најголемиот проблем за тренерот на Црвена ѕвезда: „Мора да се тепаме“

Фудбалерите на Црвена ѕвезда имаат три порази со гол-разлика 2:11 на стартот од Лигата на шампионите, а синоќа загубија од Монако со 5-1 на гостински терен. Одбраната на „црвено-белите“ изгледаше катастрофално во Монте Карло, но тренерот, Владан Милојевиќ, вели дека тоа не е најголемиот проблем.

„Играчите ни се повредија. Тоа е најголемиот проблем. Мора да се тепаме, да добиваме дефанзивни и офанзивни дуели. Тоа во Лигата на шампионите е нормално. Сите екипи го прават тоа и тоа е разликата. Тие секоја недела го играат истото. Тоа се фактите. Тие со години играат заедно, а ние мора да ги продаваме играчите. Секој натпревар го играме со различна екипа, клучните играчи ни се повредени.“ – вели Милојевиќ.

- Оглас -

Најнови вести