Петардите станаа стандард на мечевите на Баерн и Ајнтрахт и третпат по ред во меѓусебните дуели еден од двата тима дава пет гола на меч. Вечерва во Минхен шампионот Баерн беше порасположен и славеше со 5:2.
Баварците најавија дека ќе победат сигурно со головите на Горецка и на Милер во првото полувреме. Горецка погоди во 17. минута и тој гол можете да го погледнете ОВДЕ.
Потоа и Милер погоди во финишот на првиот дел со погодок што вреди да се погледне ОВДЕ.
По само 45 секунди на почетокот на вториот дел Роберт Левндовски згоелеми на 3:0 со 27. гол сезона со што е убедливо на првото место на листата на стрелците.
Со два брзи гола на 3:2 намали Мартин Хинтерегер, но потоа Дејвис и пак Хинтерегер, но сега во својата мрежа ги поставија конечните 5:2 за Баерн.
https://twitter.com/NCrabs/status/1264256898079096832?s=20
Актуелнито првак сега пак има четири бода предност на врвот, пред Борусија Дортмунд, екипа која има 57 бода.