Петчасовна драма во Њујорк – Циципас го преживеа маратонот, Мареј му се налути на Гркот (Видео+Фото)

Стефанос Циципас ја преживеа драмата во Њујорк и во долг тениски маратон го победи Енди Мареј со 3:2 во првото коло на Отвореното првенство на САД.

Гркот, кој е трет носител, беше на работ на елиминација откако губеше со 2:1 во сетови од поранешниот шампион на турнирот, но успеа да направи пресврт и да слави со 2:6, 7:6, 3:6, 6:3, 6:4 во меч што траеше 4 часа и 44 минути.

Шкотот беше незадоволен од однесувањето на ривалот, кој имаше неколку паузи од по 7-8 минути, па дури и реагираше кон судијата. Претходно, Александер Зверев го обвини Циципас дека намерно оди во тоалет со долги паузи и дека мами и добива инструкции по телефон од својот татко, нешто што е недозволено на тениските турнири.

Енди Мареј моментно е 112-ти тенисер на светот откако беше и број 1, но поради подолга пауза и повреди не играше и падна на АТП ранг-листата. Шкотот одигра извонреден меч, а по поразот изјави дека правилото за паузи во текот на натпреварите во тенис мора да се сменат.

Двајцата тенисери речиси едвај се поздравија по завршувањето на маратонот, што го одведе Циципас во второто коло на последниот гренслем-турнир во сезоната.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести