Петев ги внесе Босанците во А дивизија во Лигата на Нации и ќе добие отказ

Бугаринот Ивајло Петев ќе биде сменет од позицијата селектор на Босна и Херцеговина, иако успеа да стаса до А сегментот во Лигата на Нации, што е највисок ранг во ова натпреварување.

Проблем е што претходно Босанците одиграа исклучително лош квалификациски циклус за настап на Мундијалот во Катар и освоија само 7 бода, што им е најлош ефект во фудбалската историја.

Потоа се случи голем пресврт и селекцијата на БиХ беше прва во третата гурпа од Б сегментот во Лигата на Нации во конкуренција на Финска, Црна Гора и Романија и се избори за настап во највисокиот ранг во ова натпреварување во следниот циклус.

Сепак и тоа не е доволно Петев да остане на кормилото на БиХ и најавено е дека за четири дена на седницата на Извршниот одбор на фудбалската федерација на БиХ ќе биде сменет.

Тоа значи дека во циклусот за пласман на Европското првенство во Германија во 2024 година, Босанците ќе тргнат со нов селектор, а се наоѓаат во Ј групата со Португалија, Словачка, Исланд, Луксембург и Лихтенштајн.

 

- Оглас -

Најнови вести