Петиција на навивачите: Лазаров да влезе и да шутира пенал против Данска!

За Кирил Лазаров ова најверојатно ќе биде негово последно Европско првенство како ракометар. Лазаров кој ја има улогата на селектор во македонската селекција е пријавен и како играч, но поради повреда на последниот тренинг пред дуелот со Словенија, тој реши да биде само на клупата, но не и на теренот.

Лазаров веќе има наполнето 40 години и доколку пак биде дел од ЕП, тоа сигурно би било во улога на селектор, па затоа, навивачите денеска имаат едно посебно барање. На Твитер се собира петиција за Лазаров да влезе на дуелот против Данска и да шутира барем еден пенал, во последниот меч за него како ракометар на репрезентативните континентални собири.

Сепак, Лазаров го нема во составот меѓу играчите за дуелот со Данска, па ова нивно барање нема да се реализира.

- Оглас -

Најнови вести