37.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Петиција за враќање на навивачите на стадионите во Англија

Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) поднесе петиција која има цел да ги натера челниците во Велика Британија да донесат одлука за продолжување на мечевите од англиското пренство, и тоа со присиство на публика на стадионите.

Откако кон средината на март, пандемијата со корона-вирусот ја зафати и Велика Британија, беше донесена и забраната за присуство на навивачите на трибините. Оваа одлука посебно ги погоди помалите клубови кои едвај успеваат да се спасат од банкрот.

Со почетокот на новата сезона, проблемите околу навивачите остана, а ЕФЛ, која е организатор на Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2, побара да се дозволи враќање на навивачите на трибините.

„Фудбалот е едно моќно средство кое носи низа добри работи. Фудбалот се поврзува со страста, емоциите, возбудувањата и посветеноста. Присуството на навивачите на стадионите ќе донесе само добри работи за сите нас“, се вели во соопштението на ЕФЛ.

 

- Оглас -

Најнови вести