Петка за Надал во Монтреал

Рафаел Надал по петти пат е победник на претсижниот АТП-турнир во Монтреал, а со триумфот стигнаа и два рекорда на Шпанецот.

Во финалето Надал беше подобар од Данил Медведев, победи со 6:3, 6:0 и ја освои рекордната 35-тата титула на АТП-турнирите од Мастерс серијата 1000.

Има и 381 победа на турнирите од оваа класа, што исто така е и рекорд, а стана и првиот тенисер, по долга пауза, по Андре Агаси што освоил сет без загубен гем.

За Надал ова е 83-та АТП-титула, со што е на четвртото место во историјата на играта.

- Оглас -

Најнови вести