Петлињата не им дадоа надеж на нашите надежи, им дадоа четири гола

Репрезентацијата на Франција за фудбалери до 17 години потврди дека е пресилна за Македонија и со победата од 4-0 ја оправда фаворитската улога.

Мечот се одигра на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Франција во двете полувремиња даде по два гола и не им даде никаква шанса за изненадување на избраниците на Вујадин Станојковиќ.

Македонските јуниори цело второ полувреме го играа со играч помалку, па и тоа дополнително ја отежни задачата која и така беше претешка.

По две кола, Македонија нема бод, а шанса за победа ќе имаме во последната, третата рунда на 31 октомври против Луксембург.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести