Петлите на Мурињо нема да дадат повеќе од три гола на скопската Арена

(6735) Шкендија – Тотенхем (20ч)

По европскиот Суперкуп, кој во Скопје се одигра во 2017 година, Жозе Мурињо по пауза од три години, повторно доаѓа во нашата метропола, но овојпат ќе го предводи Тотенхем во квалификациски дуел против Шкендија. Неспорно е дека Тотенхем делува како гигант во споредба со тетовскиот тим, меѓутоа Шкендија верува дека ќе го даде максимумот со надеж дека може да приреди сензација.

Последен великан со кој Шкендија се соочи во европски рамки е Милан, истата година кога Мурињо дојде со Манчетер ј. во Скопје. Шкендија двомечот го загуби со 7-0, но прими само еден гол пред домашните навивачи. Тоа навестува дека тетовци можеби нема да изненадат, но и нема да дозволат дебакл.

Тотенхем, пак, уште не игра на високо ниво, иако во претходното коло во Премиер лигата славеше со убедливи 5-2 кај Саутхемптон. Мурињо веројатно ќе го комбинира составот.

Предлог тип: 2 & 0-3 (2.0)

 

(6000) Баерн Минхен – Севилја (21ч)

Давид против Голијат ќе личи дуелот во Будимпешта, каде што Баерн Минхен и Севилја ќе се борат за трофејот во европскиот Суперкуп. И двете екипи ќе се борат за втора титула во натпреварувањето на УЕФА, за да се одреди апсолутниот фудбалски владетел на Стариот Континент. За Севилја ќе биде шесто појавување во Суперкупот и прво по 2016 година, за Баерн ќе биде петто и прво по седум години пауза, кога го освои во 2013 година.

Баварците секако ја имаат фаворитската улога, иако Ханси Флик вечерва нема да смета на бомбардерот Роберт Левандовски, како и на Коман, човекот кој го реализира голот вреден европска титула против ПСЖ. Кај Баварците неизвесни се уште младиот Дејвис и Горецка, додека Севилја во полн состав ќе му се спротивстави на германскиот првак. Двете екипи последен пат се сретнаа во април 2018 година, кога Баерн го доби четвртфиналниот двомеч од Лигата на шампионите со конечни 2-1.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.35)

 

(6706) Бешикташ – Рио Аве (19ч)

Бешикташ не е голем фаворит во дуелот против Рио Аве, меѓутоа ја има предноста на домашен терен. Турскиот гигант е еден од почестите учесници во европските натпреварувања, па се очекува гигантот од Истанбул да продолжи кон групната фаза на ЛЕ.

По поразот од ПАОК, Бешикташ со триумф и реми тргна во турското првенство и полека фаќа форма која ќе носи позитивни резултати. Рио Аве ремизираше во премиерното коло од португалскиот шампионат, а вечерва ќе има вистински тест пред себе кој не секој може да го положи.

Предлог тип: 1 (2.07)

 

(6738) Милан – Бодо Глимт (20:30ч)

Од Милан се очекува доминантно издание откако со голема сигурност ја отвори сезоната во Серија А. Росонерите на Пиоли на чело со Златан Ибрахимовиќ делуваат доста поопасно сега, откако се консолидираа и добија време да се подготват за нови предизвици.

Вклучувајќи ги и пријателски средби од летово, Милан е во долга серија без пораз, точно од 8 март, кога Горан Пандев со својата Џенова направи сензација на „Сан Сиро“ со 2-1. Бодо, пак, исто така е непоразен од јуни и досега има само две ремија, кои ја прекинаа победничката серија. Сепак, норвешкиот тим ја нема потребната сила да го изненади седумкратниот европски првак.

Предлог тип: 1-1 & 2+ (1.90)

 

(6719) Вилем 2 – Глазгов ренџерс (21ч)

Ренџерите на Стивен Џерард не би требало да имаат проблеми против тимот на Вилем. Холанскиот состав иако е во голгетерска форма и реализира 9 гола во последните два меча, тешко дека има квалитет со кој ќе му пркоси на еден од најтрофејните клубови во светот. Џерард планира да го турка тимот што подалеку во новото издание на Лигата на Европа, откако во минатата сезона стигна до осминафиналето.

Ренџерс воедно треба да ја пренесе формата од шкотското првенство, каде што е лидер по 8 кола со 20 бода, еден повеќе од актуелниот првак и вечен ривал Селтик.

Предлог тип: X2 & 2-4 (1.85)

- Оглас -

Најнови вести