Тотенхем со 3-1 ја победи Астон Вила и најави дека кога е расположен, може да биде многу опасен и секого да совлада, иако „петлите“ покажаа и некои слабости, а имаа и среќа.
Ова е првиот натпревар во Премиерлигата после пет години, на кој во двата тима своите први голови во англиската лига ги даваат играчи кои се дебитанти. Водство на гостите од Бирмингем во 9 минута им донесе Џон Мекџин, кој е првиот шкотски фудбалер после девет кој погодил на своето деби во Премиерлигата. Изедначи скапо платениот Танги Ндомбеле во 73-та минута и тој беше инспиратор на пресвртот.
Во 86-та минута, Хари Кејн погоди за пресврт. Топката среќно дојде до него и Кејн не ја пропушти приликата да ја затресе мрежата, и на својот тим да му ги донесе планираните три бода. Кејн во 90-та минута со уште еден гол ја потврди победата.
Ова е голот на Ндомбеле:
https://twitter.com/i/status/1160249990926807040