35.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Петмина играчи му се спротивставија на Зидан, и од тој момент сè се смени

Шпанскиот лист „Марка“ открива кои играчи му се спротивставиле на Зидан по поразот од Шахтар во претпоследното коло од групите во ЛШ, по што ситуацијата во клубот комплетно се промени во позитивна смисла.

Наводно, капитенот Рамос заедно со Крос, Бензема, Модриќ и Каземиро, имале состанок со Зидан на кој присуствувал и претседателот Флорентино Перес, а тие му предложиле на францускиот стратег да состави стандарен почетен состав со искусните играчи кои му се на располагање и што помалку да ги ротира, со цел екипата да се воигра и да влезе во серија од позитивни резултати.

И токму тоа се случи. Зидан на гостувањето кај Севилја излезе со најсилниот состав кој во моментот му беше на располагање, па по таа победа Кралевите наредија уште пет триумфи меѓу кои беше и победата над Атлетико во градското дерби, како и оние 2-0 против Гладбах кои беа доволни за Реал да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести