Петмина не можеа да го сопрат Меси да даде гол (Видео)

Барселона води со 2:0 против Наполи и каталонците сега се многу блиску до пласман во четвртфиналето од Лигата на шампиони. Лионел Меси имаше свое шоу, а играчите на Наполи неа немоќни да го задржат. Капитенот на Барселона прифати една топка на страничниот дел пред шеснаесетникот на гостите, успеа да помине тројца фудбалери, Аргентинецот падна, па стана и на крајот пласираше прецизно и покрај двојниот блок на двајца противнички играчи.

https://youtu.be/eiUXgVoJgJk

Во 30 минута Меси повторно погоди, но тој гол беше поништен поради играње со рака на Аргентинецот.

Барселона во чекор ја следи и Баерн Минхен. Германскиот првак има водство од 2:0, а стрелец беше Перишиќ во 24 минута.

Барселона и Баерн во исто време ги дадоа и првите погодоци кои може да ги погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести