25.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Петок 13-ти беше многу среќен за двајца обложувачи од Гостивар и Врапчиште, спас дојде со гол во 95-та минута

Петок 13-ти е ден кој според некои верувања носи несреќа. Сепак, дека воопшто не е така, најдобро покажаа двајца обложувачи во Sport Life кои токму во петокот уплатија тикети и одлично заработија.

Обложувач со уплатен тикет во Врапчишта самосо 100 денари влог успеа да ќари 293.392 денари, и тоа само со три одиграни пара. Големи квоти од 29,5, потоа 19,6 и шест се погодени на интересни игри на голови.

Во португалската трета лига, Белененсеш и Ковиња одиграа 2:2, а одиграната комбинација беше да има најмалку по два погодоци во двете полувремиња. Гостите водеа на полувреме со 0:2, а Белененсеш не се предаде и прво во 80-тта минута намали на 1:2, а потоа со гол во 90+5 минута стигна до 2:2, погодок кој беше многу важен за тикетот да биде добитен.

Другите два погодени пара беа од аргентинското првенство, и тоа на двата играта беше иста. Двата тима да постигнат барем по еден гол во двете полувремиња, квоти кои се навистина џиновски, а овојпат беа и добитни.

Баракас и Ланус одиграа 3:3, а на полувреме беше 1:1. На дуелот Естудијантес – Аргентина јуниорс на крајот беше 2:2, а на полувреме резултатот беше 1:1, па на крајот добитен беше вкупниот коефициент од 3.451.

Во Гостивар одигран е тикет со многу повеќе парови, точно 11. Најголем дел се „фиксови“, а дел се и игри на голови, но што е најважно, на крајот тикет кој е уплатен само со 125 денари е добитен, и тоа на 110.637 нето-добивка.

- Оглас -

Најнови вести