14.8 C
Skopje
петок, 13 февруари 2026

Петок 13-ти може да биде ден за точно погодена 13-ка на Спортската прогноза

На 24 часа пред затворањето на терминот за типувањето за 19-тото коло од оваа сезона во најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, се наѕираат 11 фаворити, додека има прилично поголема поделеност (без „фикс“ за кој има барем 50 отсто прогнози) само кај два пара од основната понуда.

Најголема поддршка од прогнозерите има Севиља. Дури 86,8% од тие што веќе се изјасниле веруваат во триумф на екипата од Андалузија против Алавес. Огромен фаворит на мнозинството е и Интер против Јувентус. Само 8,1 отсто од играчите кои досега типувале сметаат дека ќе победи Јуве, а околу двојно повеќе прогнозери мислат дека ќе победи Интер отколку дека ќе биде нерешено.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

Секак треба да се типува и на двата резервни пара, тие се пресметуваат во трката во генералниот пласман, каде што многу е важна и постојаноста.

 

- Оглас -

Најнови вести