1801 Менхенгладбах – Баерн Минхен (20:30ч)
Во последно време Баварците често остваруваат победи бркајќи негатива. Така беше во последниот меч од 2020 година против Леверкузен, а против Мајнц тимот на Ханси Флик убедливо триумфираше со комплетен пресврт од 0-2 до 5-2.
Сега европскиот првак гостува кај можеби најпријатното посткорона изненадување во Бундеслигата и Европа, Менхенгладбах. Домаќините ја прекинаа лошата серија од крајот на минатата година и се вратија во победнички погон. Сепак, шансите за ново разочарување се големи бидејќи во составот на Гладбах за овој меч ќе недостасуваат Турам, Лазаро и Траоре, кои се клучни играчи.
Иако Гладбах славеше победа во последниот меч против Баерн, во кој беше домаќин, сега нема да биде таков случајот.
Предлог тип: X-2 (4.90)
1302 Селта Виго – Вилјареал (21ч)
Десеткувани се двете екипи во пресрет на нивната вечерашна пресметка. Голем хендикеп за Селта е отсуството на капитенот Јаго Аспас, но и Жолтата подморница остана без напаѓачот Алкасер поради повреда, што може да биде голема причина за сиромашен исход на „Балаидос“ како што беше во последната пресметка на овој стадион (0-1 за Вилјареал).
Со сосема спротивна форма Селта и Вилјареал влегуваат во овој меч. Домаќините во 2021 година имаат два порази, еден е од Реал Мадрид, додека вториот го претрпе само пред три дена, по шокантната елиминација од третолигашот Ибица во Кралскиот куп.
Тимот на Емери е максимален по два натпревари овој месец, па со улогата на благ фаворит може да се избори за поволен резултат во Виго.
Предлог тип: 0-1I & 0-2II (1.59)
1091 Вулверхемптон – Кристал палас (20:45)
Тука се крие наводно реалниот кец за денес. Според квалитетот на екипите, Волците би требало да ја добијат пресметката против Кристал палас, меѓутоа магијата на ФА купот честопари проработувала во неочекувани моменти.
Како и да е, на Вулверхемптон и тоа како му е потребна победа за излез од мини-кризата без триумф во четири средби по ред, па затоа предлогот за овој пат ќе се потпре на нив. На страната на домаќините е меѓусебниот биланс во последните пет средби, од кои Вулвс доби три, а ремизираше, односно загуби во останатите два меча.
Предлог тип: 1 (1.98)
1536 Национал – Спортинг Лисабон (19ч)
Спортинг делува незадржливо по 12 кола во Примеира како лидер и единствен непоразен тим. Штета што Стефан Ристовски не учествува во походот на лисабонските Лавови кон титулата, но од обложувачки аспект тие се меѓу најсигурните екипи за типување оваа сезона.
Национал е редовен пациент на Спортинг кој последната победа против фаворитот ја памети во февруари 2011 година. Цела една деценија Спортинг доминира и речиси е невозможно токму вечерва да се случи прекинот на таа низа.
Предлог тип: 2 & T2 2+ (1.80)
1712 Данкирк – Троа (20ч)
Лидерот во второто првенство на Франција има намера да му го нанесе петтиот последоветелен пораз на Данкирк. Овие две екипи се немаат сретнато меѓу себе од јануари 2016 година, кога Троа триумфираше по пенал-рулетот во францускиот Куп.
Непознавањето на нема да биде пречка за гостите да продолжат со редењето позитивни резултати во 2021 година, иако во улога на гости Троа само четирипати во девет меча славеше победа во првенството.
Предлог тип: X2 & 2-3 (2.40)