Легендарниот чешки голман Петр Чех и по завршувањето на фудбалската кариера, остана да биде активен на голот и да ја чува мрежата. Сепак, Чех го замени фудбалскиот терен со хокејот.
Некогашниот голман на Арсенал и Челзи брани во пониските хокеј лиги во Англија и блеска. Прво беше во екипата на Гилдорф Феникс, а сега е во дресот на Оксфорд сити. На последниот меч на Оксфорд, Чех блесна и имаше неверојатни 62 одбрани.
https://twitter.com/i/status/1711823872914329782
Противниците упатија 64 удари, а дури 62 беа сопрени од Чех, па заслужено на крајот ја доби наградата за играч на мечот.
MAN OF THE MATCH | @OxfordCityStars
YOUR STARS MAN OF THE MATCH… Could have been a number of people, but with 62 saves from 64 shots on Goal, its #39 PETR CECH pic.twitter.com/ZErfH5dgRu
— Oxford City Stars 🏒⭐️ (@OxfordCityStars) October 8, 2023