Хокеарскиот клуб Гилдфорд Феникс објави дека во претстојната сезона 2021/2022, еден од нивните голмани ќе биде Петр Чех. Гилфорд Феникс е клуб кој се натпреварува во втората лига на англиската Национална хокеарска лига, каде играат полупрофесионални тимови.
Чех кој се прослави како фудбалски голман во Челзи, бранеше и за Арсенал, по завршувањето на фудбалската кариера, се префрли на хокеј на мраз кој е најпопуларен спорт во неговата Чешка.
Во сезоната 2019/2020, Чех дебитираше како хокеарски голман и бранеше на шест меча, од кои кои на два не прими гол, и одбрани 93,4 проценти од шутевите кон неговиот гол. Во минатата сезона тој не бранеше, беше посветен на работата како технички директор на Челзи.