19.8 C
Skopje
вторник, 29 јули 2025

Петрол-доларите се трошеа за да се покаже напаѓачкиот раскош во вакви дуели

6001 ПСЖ – Манчестер сити (21ч)

ПСЖ и Манчестер сити вторпат во историјата ќе ги одмерат силите во двомеч во нокаут-фазата од ЛШ, но за разлика од пред пет години, овојпат се борат за пласман во големото финале. Сити во сезоната 2015/16 го доби четвртфиналниот двомеч со вкупен резултат од 3-2, односно ремизираше во Париз со 2-2, а дома победи со голот на Де Бројне.

До денес, тоа беше единствен пласман на Сити во полуфиналето од ЛШ, а се случи пред да дојде Пеп Гвардиола. Сега шпанскиот стратег првпат е во ситуација со своите Граѓани да се бори за пласман во финалето, кое многу го посакува исто како трета европска титула на која чека една деценија.

Вечерва се очекува дербито да биде ефикасно, исто како што беше пред пет години, со голови на двете страни и можеби без победник. Светците добија на самодоверба откако е потврдено дека Мбапе е фит да игра од првата минута, па заедно со Нејмар ќе бидат најголема закана по голот на Едерсон.

Предлог тип: ГГ4+ (2.90)

 

1301 Атлетик Билбао – Валјадолид (19ч)

Билбао прилично десеткуван и дури без седуммина првотимци ќе го пречека Валјадолид, кој се бори за опстанок во шпанската елита. Баскијците имаат шанса да направат интересен учинок од 11 победи на веќе одиграните 11 ремија и исто толку порази по 32 првенствени меча доколку вечерва го одбранат домашниот терен.

Билбао е непоразен во седум последователни лигашки дуели како домаќин против Валјадолид, односно последно претрпе пораз во март 2004 година, додека во последните два меѓусебни дуели на „Сан Мамеш“, Валјадолид изборуваше бод при ремија од 1-1.

Домаќините би требало да останат непоразени во шест последователни кола, откако го совладаа лидерот Атлетико, а пред тоа нанижаа четири нерешени резултати.

Предлог тип: 1 (1.93)

 

3148 Динамо Загреб – Горица (18ч)

Истра во финалето го чека најтрофејниот клуб во Хрватскиот куп, а тоа е Динамо Загреб на Адеми и Ристовски, кој попладнево треба лесно да се пласира во мечот за трофејот. Модрите треба да ја оправдаат фаворитската улога на свој терен ако се знае дека Динамо ги доби сите 11 дуели против Горица од 2018 година наваму.

Хрватскиот првак не смее да ја пропушти оваа шанса да избори меч во кој ќе може да освои двојна титула, односно да го преземе тронот во Купот од Риека.

Предлог тип: 1-1 (2.05)

 

1956 Ризеспор – Бешикташ (19:30ч)

Бешикташ освои 11 од можните 15 бода во последните пет кола со три победи и две ремија, па треба да продолжи добрата серија за да се сочува првото место на табелата во Супер лигата, на кое атакува Фенербахче.

Бешикташ во првиот овосезонски дуел го потопи Ризеспор со 6-0, можеби нема да биде толку убедлива победата вечерва, но големи се шансите гигантот од Истанбул одново да го покаже напаѓачкиот квалитет.

Ризеспор речиси да заборави кога последен пат славеше победа на домашен терен против Бешикташ. Се случи тоа во септември 2005 година, а во меѓувреме Бешикташ доби седум од вкупно осум гостувања во лигашки рамки.

Предлог тип: 2 & T22+ (2.11)

 

2435 Клуж – Ботошани (18ч)

Ботошани на Стефан Ашковски сезонава доби еден од двата дуели против Клуж во регуларниот дел од сезоната, а сега во улога на гости ќе се се обидат да им ги поматат сметките на актуелните романски шампиони во одбраната на титулата.

Клуж важи за голем фаворит во оваа средба, со оглед на тоа дека во негова полза се меѓусебните дуели против Ботошани, во кои бил домаќин. Ботошани никогаш нема победено како гостин против романскиот гигант, па веројатно нема да го стори тоа ниту сега.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.14)

- Оглас -

Најнови вести