Петровиќ: Во ваква атмосфера не се губи, го вративме МЗТ таму каде што припаѓа

Александар Петровиќ е стратегот кој што по четири неуспешни сезони, успеа да го врати МЗТ Скопје во АБА 1 лигата.

Тој, по победата над Широки Брег од 75:71, не можеше да го сокрие задоволството од остварениот успех.

„Честитки за Широки за фер и коректната игра, а во ваква атмосфера и со ваква публика не се губи. Го вративме МЗТ таму каде што припаѓа, а тоа е во АБА 1 лигата. Ова е голем успех за македонската кошарка, а секако дека направивме и голема работа откога сум јас во тимот и вршиме одлична работа со кошаркарите“ изјави предводникот на МЗТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести