Пеце Наумоски во солзи, ненадејно почина неговиот прв цимер од шампионскиот тим на Југопластика

Веста за смртта на легендарниот хрватски кошаркар Горан Собин натажи многумина, џинот со меко срце почина од срцев удар на 59-годишна возраст, а Петар Наумоски, кој му беше соиграч во Југопластика, му бил и цимер на Собин во првата сезона за македонската легенда во клубот со кого освои две европски титули.

„Ужас, немам зборови. Во мојата прва година во Сплит бевме цимери. Прекрасен човек, нека му е лесна земјата“, рече потресениот Наумоски.

Веста за смртта на Собин ги погоди сите од тимот на Југопластика, а Дино Раѓа опиша каков играч беше центарот кој не беше во ѕвезда како Кукоч или Раѓа, но максимално борбен и многу важен играч за тимот.

„Плачам цел ден. Тој можеше да даде само 4 поени, а да биде најдобар поединец на натпреварот“, рече Раѓа.

- Оглас -

Најнови вести